Премиерката на Србија за коронавирусот

Брнабиќ: Ни во еден момент во Србија податоците за епидемијата не беа намерно криени

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека во ниеден момент намерно не биле криени статистичките податоци за епидемијата на коронавирусот во Србија.

EPA-EFE

Таа за Радио телевизија Војводина кажа дека во најголема можна мера, податоците кои се објавуваат се „вистинските податоци“.

„Земавме волонтери да седат во болниците и да собираат податоци, но немаме систем како во државната управа кој електронски ги влече податоците. Ние воведовме каков-таков систем кој никогаш досега во Србија не постоеше, го воведовме ад хок за време на најголемата светска криза во последните 100 години“, кажа Брнабиќ.

Таа потврди дека постојат податоци кои се наменети само за владата на Србија, а не за јавноста, но додаде дека не знае за што зборува редакцијата на БИРН која објави податоци од, како што наведоа, информацискиот систем на ковид-19, кои покажуваат дека бројот на заразени и умрени е значително поголем од официјалниот број.

Брнабиќ демантираше дека податоците за бројот на тестови или респиратори се доверливи информации и наведе дека во моментов во магацини има повеќе од 500 респиратори и дека во ниеден момент за време на борбата со епидемијата Србија немала полн капацитет на зафатеност на респираторите.

„Секој ден зборувам колку тестови имаме на лагер, претседателот неодамна кажуваше колку точно респиратори имаме. На почетокот тоа беше исклучително доверлива информација, бидејќи знаевме дека се спремна огромна борба на светскиот пазар за набавка на респиратори“, кажа српската премиерка.

Зборувајќи за довербата на граѓаните во кризниот штаб и постапките на српската влада во борбата против вирусот, таа кажа дека е направена грешка кога сите мислеле дека вирусот во текот на летото нема да биде во циркулација како што е денес.

„Немам проблем да кажам дека во нешто сме згрешиле, бидејќи го слушавме она што го зборуваше струката во светот. Тука згрешија сите, има експлозија на случаи насекаде во регионот и во светот. Ова е борба на сите нас, не само на владата на Србија. Човечки се чувствувам најодговорна, но ова е борба на целото општество“, кажа Брнабиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе