Брнабиќ: Нема да ги затвораме границите за црногорските граѓани, нашите не би требало да одат каде што се непожелни

Србија нема да ги затвора границите за црногорските граѓани, како што тоа го направи официјална Подгорица за граѓаните на Србија, но ќе биде затворена за мафијашите и криминалните кланови од Црна Гора, порача српската премиерка Ана Брнабиќ околу одлуката на Црна Гора да не ја отвори границата за граѓаните на Србија на 1 јуни.

EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Србија, како што кажа, нема да воведува „реципрочни мерки“, но истакна дека српските граѓани не би требало да одат таму, како што смета таа, каде што се непожелни.

Ана Брнабиќ оцени дека српските граѓани сега можат да видат дека се непожелни во Црна Гора бидејќи во Србија, како што истакна „не лажеле дека луѓето умираат од грип или од воспаление на белите дробови“, пренесува Танјуг.

„Ќе продолжиме и понатаму да се однесуваме одговорно и сериозно кон нашите граѓани и секогаш да ја кажуваме вистината“, кажа премиерката и додаде дека вистинската причина за одлуката на Црна Гора да ги отвори границите за низа земји, но не и за Србија не е во епидемијата на коронавирусот и бројот на заразените.

„Нема да ги спречуваме обичните црногорски граѓани да ја посетат Србија, но уште посилно и поостро ќе го спречуваме влезот на црногорските криминалци и на мафијашките кланови од Црна Гора кои со децении убиваа по Србија и ги тероризираа нашите граѓани“, кажа Брнабиќ.

Истакна дека Србија во борбата против криминалците од Црна Гора нема да има милост.

„Ваквиот однос на црногорскиот премиер им испрати јасна порака на граѓаните. Би ги замолила граѓаните што подолго и во поголем број да остануваат во нашата Србија и ако некаде мора да одат да не одат таму каде што се непожелни“, порача српската премиерка.

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ денес кажа дека границите на почетокот на јуни ќе се отворат за оние земји во кои бројот на заразените е 25 и помалку во однос на 100.000 жители.

„Првите земји се Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Полска, Чешка, Унгарија, Албанија и Грција“, кажа Марковиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/HAYOUNG JEON

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе