„Не постои услов од ЕУ да се реши прашањето“

Брнабиќ: Не сме среќни за дипломатските односи меѓу Израел и Косово

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ истакна дека не е среќна околу воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Косово и Израел.

EPA-EFE

„Не сакавме ова да се најде во Вашингтонскиот договор. Очигледно е дека притисокот на САД беше многу појак. Ќе видиме како ќе се однесуваат другите држави, особено муслиманските во однос на привремените власти во Приштина“, кажа Брнабиќ.

Таа истакна дека не постои услов од Европа да се реши прашањето на Косово и Метохија во текот на 2021 година.

„Мислам дека решавањето на прашањето не е временски орочено, но секако дека Европа очекува некаков договор за нормализација пред влегувањето во ЕУ. Европа не сака да увезува проблеми“, порача таа.

Кажа дека фокусот на Србија останува на масовната вакцинација на населението.

„Ние сега имаме 463.000 вакцинирани и околу 10.000 кои се ревакцинирани. Денес добивме уште една пратка од вакцината на Фајзер. Водиме деноноќни разговори со произведувачите. Ја продолжуваме кампањата на масовна имунизација“, заклучи Брнабиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе