Брнабиќ кажа дека Белград е спремен на дијалог со Приштина и донесување тешки одлуки, додека Приштина бега од нив. Изрази надеж дека приштинските институции ќе бидат посветени на дијалогот и барањето компромиси, кои се неопходни за нормализација на односите.
„Интересот на Србија и српскиот народ е мир и стабилност“, кажа Ана Брнабиќ, наведува Радио Митровица Север.
Брнабиќ го посети Мултимедиумскиот центар во Северна Митровица порачувајќи дека Косово во моментов е во тешка и комплицирана ситуација. Но дека е задоволно што по последните провокации е зачуван мирот.
Премиерката на Србија ја повтори пораката на српскиот претседател Александар Вучиќ дека секогаш ќе биде со својот народ на Косово наведувајќи дека владата на Србија во последните неколку години вложила повеќе на Косово отколку во последните 40 години. Додаде дека Белград „нема да дозволи нови прогони на Србите“.
Премиерката на Србија за првпат по пет години, колку што е на функцијата, го посети Косово.
Мораше, како сите граѓани на Србија кои влегуваат на Косово со автомобили, да ги излепи ознаките на Србија на регистарските таблички.
Се појавија снимки од пристигнувањето на Брнабиќ и нејзината придружба, и сите возила имале таблички со налепници.
Бидејќи преговарачите на Србија и Косово не постигнаа договор за трајно решение за регистарските таблички за возилата, и понатаму важи режимот со налепници.