Брнабиќ му одговори на Милановиќ: За нас убивањето деца е непростливо – нема да сопреме, ќе бараме правда

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ реагираше на изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека „му се гади од спомнувањето на убиството на српските деца“.

EPA-EFE

„На Милановиќ спомнувањето на убиството на децата му е гадливо, но убивањето не му е. Човек со сериозно истенчен вкус“, напиша Брнабиќ на Твитер и додаде:

„Гледате, на нас убивањето деца ни е гадно и непростливо. Нема да сопреме, ќе бараме правда за тие деца засекогаш. И правдата ќе биде задоволена, колку и да ви е тоа на вас гадно и ви пречи“, заклучи српската премиерка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе