Брнабиќ: Крајната цел е протерување на Србите од Косово

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека целта на Србија е да се зачува мирот и да се обезбеди стабилноста на регионот.

EPA-EFE

Тоа, како што порача, е главната и најтешка задача на српскиот претседател Александар Вучиќ на денешните разговори во Брисел.

„Навистина мислам дека денес во Брисел се разговара за мирот и дека темите кои се на дневен ред, како табличките и личните карти, а чија суштина е (косовскиот премиер Аљбин) Курти постојано да провоцира, е да го спречиме она што се спремаше на 31 јули – физички напад и протерување на Србите“, кажа српската премиерка.

На прашањето дали КФОР е гарант за безбедноста на Србите, таа кажа дека тоа сигурно е, но дека Србија не сака така да биде.

„Ако зборуваме за НАТО, Србите на Косово и Метохија, особено на северот, сакаат присуство на КФОР. Сега доста се сменија нештата, од бомбардирање на СРЈ и Кумановскиот договор кога Албанците го сакаа НАТО, а сега не, но Србите го сакаат бидејќи КФОР ги обезбедува нив“, кажа Брнабиќ.

Од друга страна, додаде, тоа доволно кажува за намерите на албанските политичари. „И во таа смисла добро е НАТО да ни е сојузник“, заклучи српската премиерка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе