Помина без инциденти

Брнабиќ ги предводеше учесниците на белградската Парада на гордоста

Учесниците на белградската Парада на гордоста под слоганот „Кажи ДА“, прошетаа на главните улици на Белград и малку по 15 часот пристигна во Студентскиот парк.

Прошетката помина мирно и ја обезбедуваа помал број полицајци отколку во претходните години.

Учесниците ги предводеше премиерката Ана Брнабиќ, а во Парадата учествуваше министерот за труд Зоран Ѓорѓевиќ и министерот за државна администрација Бранко Ружиќ.

Присутни беа амбасадорите на САД Кајл Скот, на Франција Фредерик Мондолони, на Норвешка Арне Сане Бјорнстад, шефот на делегацијата на ЕУ во Србија Сем Фабрици.

За време на прошетката граѓаните од некои тераси фрлаа конфети, а учесниците носеа балони со бои на виножитото.

Парадата започнала на плоштадот Славија откако кумата на прајдот, новинарката Сузана Трниниќ, Парадата на гордоста официјално ја прогласи за отворена.

„Не можам да молчам, цврсто верувам дека сите луѓе се раѓаат еднакви и дека никој не смее никого да го дискриминира по било која основа“, рече Сузана Трниниќ.

Претходно е прогласена и новата кралица на парадата, Дита вон Тил, која се појавила во српска народна носија и рече дека со својот изглед сака да покаже дека „љубовта е традиционална вредност.“

Организаторите на Парадата на гордоста истакнаа дека има прогрес во остварувањето на правата на ЛГБТ заедницата, но дека е премногу бавен.

Тие посочија дека очекуваат Владата да го усвои законот за регистрирани партнерства и законот за родов идентитет.

Помала група која била против Парадата на гордоста се собрала околу 13 часот во близина на црквата Свети Марко, но полицијата ја спречила да пријде до улицата Крал Милан по која се движеле учесниците на парадата.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе