Брнабиќ: Епидемиолошката ситуација е подобра, треба да се пазиме

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави денес дека е задоволна од моменталната епидемиолошка ситуација, односно дека ситуацијата со коронавирусот е сè подобра.

EPA-EFE

Сепак, како што додаде, тоа не значи дека така и ќе остане и дека граѓаните мора да продолжат да се пазат.

„Кога имате над 3.000 заразени на дневно ниво, тоа не е добро, но е подобро бидејќи постои јасен тренд на пад и на бројките на заразените и процентот на позитивни во однос на вкупно тестираните кој вчера по долго време се симна под 20 отсто“, кажа Брнабиќ.

Истакна дека тоа е охрабрувачко, како што се и денешните бројки во однос на вчерашните.

Според неа, неделниот пресек на новозаразени во однос на 100.000 жители во Европа ја позиционирал Србија денес на 17 место со 50 заразени на 100.000.

Српската премиерка истакна дека со дополнително паднале во однос на минатата недела кога беа 14, а претходно петти во Европа. „Сè оди на подобро. Ние мораме да го искористиме ова време и да ја забрзаме вакцинацијата, особено фокусот на првата и третата доза“, кажа Брнабиќ.

„Не оди тоа само од себе“, заклучи таа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе