Кажа дека заканите „не ги сфаќа сериозно“

Брнабиќ: Државата ќе реагира ако демонстрантите ги блокираат границите

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ оцени дека е неразумно тоа што граѓаните незадоволни околу проектот Јадар најавија дека покрај автопатите ќе ги блокираат и граничните премини, истакнувајќи дека државата ќе реагира ако тоа се случи.

EPA-EFE

Таа кажа дека во борбата за сопствените цели мора да се почитува правото на слобода на движење на другите граѓани.

„Што се однесува до последните блокади, гледам дека се многу незадоволни што граѓаните не се појавуваат на тие протести. Неверојатно е што тие луѓе им велат на граѓаните дека се неодговорни. Колку повеќе време поминува, сè повеќе мислам дека ова нема никаква врска со Зелената агенда. Овие еколози не поставија никакви барања“, кажа Брнабиќ.

Оцени дека зад еколошките востанија се кријат политички протести против претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Порача дека „не ги сфаќа сериозно“ заканите дека еколошките активисти ќе ги блокираат границите и дека ја смета таквата најава за неодговорна и неразумна.

Премиерката на Србија објасни дека сите важни договори со Рио Тинто биле за време на претходната власт, која и направила договор со таа компанија, пренесува Танјуг.

Кажа дека истите луѓе кои ги донеле клучните одлуки за овој проект во 2004, 2006 и 2012 година, сега протестираат против Рио Тинто.

Истакна дека во 2004 година стапил на сила Договорот за заемна заштита на инвестициите со Британија и дека тој договор пред сè се однесува на рударскиот сектор. Кажа дека таквиот чекор е апсурден кога ќе се земе предвид колку Србија има инвестиции во Британија.

Таа додаде и дека во 2006 година е сменет законот за рударство, за да се воведе принципот на континуитет.

„Тоа значи дека тој што има право на истражување, доколку работи сè според законот, има ексклузивно право на експлоатација“, кажа таа.

Никакви договори со компанијата не постојат, кажа премиерката на Србија и додаде дека постојат само дозволи кои се издавани до 2013 година, а дека сите процеси ги стопирал Вучиќ, бидејќи граѓаните биле незадоволни.

Се осврна и на тоа дека оваа влада во 2017 потпишала со компанијата необврзувачки договор за разбирање, според кој литиумот не може да се извезува од Србија без дозвола, како и дека сите работи ќе се вршат само ако им носат корист на граѓаните на Србија.

Со тој договор се подразбира дека компанијата мора да ги почитува највисоките меѓународни стандарди, додаде Брнабиќ.

„Многу сме блиску до тоа да се откажеме од Рио Тинто, луѓето не сакаат и немаме проблем со тоа. Сè останато што ќе се случува со литиумот ќе биде предмет на јавна расправа и национална дебата“, порача таа.

Додаде дека ни тогаш нема да сопрат протестите, бидејќи еколошката борба е всушност борба против Александар Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе