За инцидентите ја обвини опозицијата

Брнабиќ: Државата ќе го заштити правниот поредок

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ го осуди обидот за упад во српското собрание и кажа дека „државата и сите нејзини институции ќе го заштитат правниот поредок како што тоа се прави во секоја демократски уредена земја“.

EPA-EFE

„Најостро го осудувам вандализмот на политичарите кои стојат зад насилниот упад во Скупштината на Србија во момент кога државата и здравствениот систем се соочуваат со најтешкиот удар на коронавирусот од почетокот на пандемијата“, кажа Брнабиќ.

Таа за инцидентте ја обвини опозицијата, со оценка дека нејзините поддржувачи „го покажале своето вистинско насилничко лице, обидувајќи се да стекнат политички поени на најголемата криза на планетата од Втората светска војна“.

Таа кажа и дека бројот на новозаразени во светот секој ден расте и дека поради тоа е важно „да бидеме единствени и да им ја пружиме сета неопходна поддршка на здравствените работници кои пожртвувано се борат за секој живот во Србија“.

Во центарот на Белград се одржа протест откако претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека повторно ќе воведе рестриктивни мерки поради епидемиолошката ситуација предизвикана од ширењето на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе