Брнабиќ: Договор меѓу Србите и Албанците е единствен пат за траен мир на Балканот

Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека искрено верува дека единствениот пат до траен мир на Балканот е историски договор меѓу Србите и Албанците, оценувајќи дека е можно само некое компромисно решение.

Во интервју за Блиц, таа изјави дека ова компромисно решение подразбира двете страни нешто да изгубат, но исто така и нешто да добијат.

„Односно, да добиеме најмногу што можеме и да изгубиме најмалку што мораме. Без компромис, нема да има решение. И едната и другата страна можат да добијат многу - постабилна, посреќна иднина, долгорочен мир и просперитет“, смета Ана Брнабиќ.

Таа рече дека нема смисла да се зборува за дијалог се додека Приштина не ги укине таксите.

„Можам да се надевам дека таква одлука ќе донесат во блиска иднина, бидејќи, колку и да влијаат таксите врз нас во централна Србија, тие сепак најголема штета предизвикуваат на народот кој живее во Косово и Метохија – на Србите и Албанците“, рече премиерката.

На прашањето што очекува од нејзината средба со германската канцеларка Ангела Меркел на 18 септември, Ана Брнабиќ изјави дека нејзина желба е во Берлин да ги потврди добрите односи и да ги зајакне.

Таа посочи дека е факт дека има несогласувања со Германија кога станува збор за Косово, но дека и покрај тоа Србија се покажала дека е сигурен, чесен и предвидлив партнер за Германија.

„Во многу ситуации ни беше многу значајна поддршката на канцеларката Ангела Меркел, која остана посветена на Западен Балкан и во времето кога не беше политички опортуно да се справуваш со овој дел од Европа. Секогаш ќе знаеме да го цениме тоа“, рече Ана Брнабиќ.

За најавата за делот од опозицијата дека ќе ги бојкотираат изборите, таа истакна дека не размислува за тоа и дека тоа е нивно демократско право и во исто време нивниот единствен излез од ситуацијата во која се наоѓаат и во која сами себе се довеле.

„Кога единствената политика веќе подолго време ви е навредување и закани без јасна, конструктивна критика и без трошка објективност да кажете дека нешто е добро направено, тогаш ќе дојдете до тоа да немате ниту поддршка, ниту идеја со која ќе излезете на редовните парламентарни избори за кои само четири години знаете дека доаѓаат“, рече Ана Брнабиќ.

И тогаш, како што рече таа, смислувате сто и една причина зошто нема да излезете на избори.

„Она што е интересно е дека овој дел од опозицијата денес повеќе не се пресметува со нас, туку исклучиво со другите во опозицијата. И ова е уште еден показател какви се нивните демократски капацитети и како тие ја сфаќаат демократијата“, рече Ана Брнабиќ.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе