Српската премиерка

Брнабиќ до Приштина: Ве молам оставете ја на раат централна Србија

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ им порача на властите во Приштина да престанат да зборуваат за Прешево, Бујановац и Медвеѓа и да ја остават на раат централна Србија.

Таа истакна дека треба да се разговара за тоа дали може да се дојде до компромис кој би обезбедил долгорочна нормализација на односите на Белград и Приштина.

Брнабиќ со тоа одговори на тврдењето на косовскиот претседател Хашим Тачи дека добил поддршка од францускиот претседател Емануел Макрон за тоа Белград и Приштина што побрзо да постигнат обврзувачки договор, со „реална можност за корекција на границата што го подразбира припојувањето на Прешево, Медвеѓа и Бујановац на територијата на Косово“.

Таа истакна дека таа изјава не може особено да ја коментира, бидејќи изјавите на Тачи, како и на другите претставници на приштинските власти, секој ден се поинакви и меѓусебно спротивни.

Со тоа, како што кажа, се покажува како вистина она што и самата го кажувала за приштинските власти – дека Србија нема од другата страна на масата со кого да разговара, а да може да очекува дека ќе го направи тоа што го зборува.

„Молам да прекинат да зборуваат за Прешево, Бујановац и Медвеѓа затоа што тоа нема никаква врска со животот и молам да не се оди понатаму на територијата на централна Србија“, кажа Брнабиќ.

Таа порача дека Србија е и ќе биде флексибилна, трпелива и толерантна, но дека сѐ има крај.

„Ве молам да ја оставите на раат централна Србија и да разговараме за тоа дали можеме да имаме компромис кој може да обезбеди долгорочна хармонизација на односите на Белград и Приштина“, заклучи Брнабиќ и истакна дека за да се зачува мирот не треба понатаму да се зборува за териториите од централна Србија.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе