Таа кажа дека српската влада е „на раб“ да донесе одлука и да ги прифати сите поставени барања, истакнувајќи дека сегашната власт не ја довела компанијата Рио Тинто во Србија.
„Ниту сме ги довеле, ниту сме ветиле, ниту сме направиле нешто што народот не знаел, сè што правевме, правевме транспарентно, го слушаме нашиот народ“, кажа таа.
Како што додаде, треба само да се види „колкав е цехот“ за Рио Тинто, и колку и како треба да се плати за прекин на договорот.
Брнабиќ кажа дека за тоа ќе разговара со претседателот на Србија Александар Вучиќ.
„Не сме за тоа претседателот Александар Вучиќ да биде против нашите одлуки. Ние сме еден тим. А тој не е за тоа, не сака кога ги исполнуваме барањата на странците, странските служби, агенциите платени од странство“, кажа Брнабиќ.
Како што порача, таа нема никаков проблем барањата да се исполнат, а договорите со Рио Тинто да се раскинат.