Британското „збогум“: Дожд, алкохол и знамиња (ФОТО+ВИДЕО)

Британија ја напушти Европската Унија на полноќ по средноевропско време. Во текот на целиот ден беа одржани манифестации по повод брегзитот.

Од една страна, поддржувачите на ЕУ оддржаа поворка за да се „простат од Унијата“, додека поддржувачите на брегзитот се собраа на Плоштадот на парламентот подготвувајќи се за прославата која следеше пред обраќањето на премиерот.

Кога Британија ја напушти ЕУ не се огласи Биг Бен, поради реновирањето, но Британците најдоа реѓение – Малиот Бен, кој прави подеднакво голема бучава.

При чекањето на „судбоносниот“ момент на напуштањето на Европската Унија, на граѓаните не им пречеше ни дождот. Тие стоеја на тревата пред парламентот пркосејќи му на дождот и пеејќи патриотски песни.

На Твитер се појави и снимка од деца како го газат знамето на Европската Унија.

Премиерот Борис Џонсон преку видеото „Почеток на новата ера“ го најави брегзитот еден час пред официјалното напуштање на ЕУ.

Се огласија и лидерот на најголемата опозициска Лабуристичка партија Џереми Корбин, како и премиерката на Шкотска Никола Стурџон.

Корбин ја повика државата да не се изолира по напуштање на ЕУ, додека шкотската премиерка брегзитот го нарече клучен момент за Обединетото Кралство и најави борба за независност на Шкотска.

„Ноќеска Британија ќе ја напушти ЕУ. Тоа ќе биде момент на реална и длабока тага за многумина од нас низ Британија. А тука во Шкотска, имајќи предвид дека брегзитот се случува против волјата огромно мнозинство од нас, тагата ќе биде проткаена со гнев“, кажа Стурџон и истакна дека нејзината задача е да ја одведе Шкотска во независност.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе