На полиците

Британските супермаркети редат картонски намирници за да го скријат недостигот (ФОТО)

Супермаркетите во Велика Британија користат картонски слики од овошје, зеленчук и други намирници за да ги пополнат празнините на полиците поради проблеми со снабдувањето, пишува Гардијан.

Фото: ЕПА

Теско почнал да користи слики од аспарагус, моркови, портокали и грозје, што предизвика потсмев на социјалните мрежи.

Купувачите забележале лажни моркови во Факенхам, картонски аспарагус во Лондон, слики од портокали и грозје во Милтон Кејнс и 2Д шишиња течност за перење во Кембриџ. Сето ова се случува поради недостигот од работници што доведува до слаба достапност на некои артикли во супермаркетите.

Аналитичарот за малопродажба на „Шопфлор инсајтс“, Брајан Робертс, рече дека дури последнава година почнал да забележува картонски слики од свежи производи, но вели дека слични тактики подолго време се применуваат насекаде во супермаркетите.

„Тоа стана сосема вообичаено. Тоа не е само поради недостиг, туку и затоа што многу од поголемите продавници сега едноставно се премногу големи“, рече Робертс.

Тој рече дека ова е една од низата тактики што се користат за пополнување на просторот.

Теско тврди дека употребата на слики од овошје и зеленчук не е поврзана со неодамнешните проблеми во синџирот на снабдување. Супермаркетите и производителите го намалија асортиманот на разни видови тестенини, кафе или чаеви што ги продаваат за да го олеснат протекот на стоки.

Некои кабести и не многу исплатливи производи, како што се флашираните газирани пијалаци и вода, исто така паднаа на листата на приоритетите за испорака поради недостигот од возачи, што значи дека може да има поголеми празнини на полиците од вообичаеното.

Порастот на купувањето преку интернет, во меѓувреме, предизвика многу супермаркети повеќе да не чуваат непрехранбени производи, како што се телевизори, ЦД-а или котли за вода, како што тоа го правеа некогаш, оставајќи празен простор што не успеваат да го пополнат со алтернативни производи.

Картонските исечоци од скапи предмети, како што се детергенти, протеински прашоци и алкохолни пијалаци како џинот понекогаш се користат и за да се спречи кражба во продавници. Сликите на предметите се ставаат на полиците за да се означи дека се достапни, а клиентите вистинскиот производ го добиваат на касата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе