Британските пратеници гласаат за одложување на брегзитот и нов референдум

Британските парламентарци денес ќе гласаат за одржување на втор референдум за брегзитот, јавуваат британските медиуми.

Претседавачот на Долниот дом на парламентот неочекувано одобри гласање за одржување втор референдум за излегувањето на Британија од ЕУ.

Предлогот го поднесе пратеничката Сара Воластон, која за својот предлог доби поддршка од либералдемократите.

Во предлогот се наведува дека брегзитот треба да се одложи за да се спроведе уште едно јавно советување, односно за јавноста да гласа на референдум. На тој референдум би се понудила опција за останување во Европската Унија.

 

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе