Со мнозинство од 249 гласа

Британските пратеници гласаа против втор референдум за брегзит

Амандманот за втор референдум за излегување на Велика Британија од Европската Унија, поднесен од бившата ториевска пратеничка Сара Воластон, не помина, со 334 гласa наспрема 85 - мнозинство од 249, објави Гардијан.

Долниот дом на британскиот парламент се подготвува да гласа за одложување на активирањето на членот 50, со што Британија би излегла од Унијата. Ако тоа биде изгласано, и ако ЕУ се согласи, Обединетото Кралство нема да ја напушти Унијата на 29 март, како што беше планирано.

Пред тоа гласање пратениците треба да одлучат и за неколку други амандмани.

Претседавачот на Долниот дом на парламентот неочекувано одобри гласање за одржување втор референдум за излегувањето на Британија од ЕУ.

Предлогот го поднесе пратеничката Сара Воластон, која за својот предлог доби поддршка од либералдемократите.

Во предлогот беше наведено дека брегзитот треба да се одложи за да се спроведе уште една консултација со јавноста. На тој референдум ќе се понудеше опција за останување во Европската Унија.

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе