Британските лабуристи се согласија на предвремени избори кои владата ги сака на 12 декември

Водачот на британските лабуристи Џереми Корбин изјави денеска дека неговата партија ќе го поддржи одржувањето на предвремени парламентарни избори, чие распишување владата го побара за 12 декември, пренесува Би-би-си.

Корбин рече дека неговиот услов да се спречи брегзит без договор е „сега исполнет“ откако ЕУ се согласи на негово одложување до 31 јануари.

Сепак, не кажа директно дали ќе го поддржи владиниот предлог закон во парламентот.

Шкотската национална партија (СНП) и Либералните демократи бараат изборите да се одржат на 9 декември. Ова, тврдат тие, ќе го спречи премиерот Борис Џонсон да го спроведе својот план за брегзит преку парламентот пред изборите.

Во владиниот предлог закон објавен пред расправата во Долниот дом на парламентот за предвремени избори како датум за изборите е одреден 12 декември, но извори од кабинетот на премиерот рекоа дека ќе се согласат изборите да се одржат на 11 декември за да се обезбеди поддршка од опозициските партии.

Џонсон повторно во вторник ќе се обиде да ги придобие законодавците на своја страна за да дадат зелено светло за одржување предвремени избори и да се прекине застојот околу прашањето за брегзит.

Пратениците во британскиот парламент, претходната вечер го отфрлија третиот предлог на Џонсон за одржување нови избори. Имено, премиерот не успеа да го собере потребното двотретинско мнозинство. На конзервативниот премиер му беше потребна поддршка од 434 пратеници во долниот дом, но освои само 299 гласови. Британскиот парламент има 650 места.

Џонсон најави дека повторно ќе се обиде во парламентот да обезбеди изборите да се одржат во декември со доставување на предлог-закон за кој се бара релативно мнозинство од 320 гласови. Со тоа би се заобиколиле правилата воведени во 2011 година при изменувањето на изборниот закон. Пред тоа, премиерот имал многу поголема слобода да распише предвремени избори без да се консултира со парламентот.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе