Британскиот вицепремиер: Стабилноста на Северна Ирска е загрозена, мораме да го решиме Протоколот

Потпретседателот на британската влада Доминик Раб кажа денес дека политичката стабилност на Северна Ирска ќе биде загрозена сè додека не се реши проблемот со Протоколот воспоставен по брегзитот за трговија меѓу таа покраина и остатокот од Обединетото Кралство.

EPA-EFE

На локалните избори за покраинскиот парламент во четвртокот победи ирската националистичка партија Шин Фејн, за прв пат во историјата на Северна Ирска и најави расправа за обединување на Северна Ирска со Република Ирска.

Локалната влада во Северна Ирска не беше во полн состав од февруари кога првиот министер на таа покраина, Пол Гиван од пробританската Демократска унионистичка партија (ДУП) поднесе оставка протестирајќи против Протоколот кој Европската Унија и Британија го договорија во 2019 за режимот на трговијата по излегувањето на Лондон од ЕУ.

„Јасно е дека стабилноста е загрозена со проблемите создадени поради Протоколот за Ирска и Северна Ирска“, кажа Раб кој е и министер за правосудство.

„Сега се фокусираме на два елементи – да се зближат партиите, да се постигне стабилност но и да се „отклучат“ проблемите создадени со Протоколот“.

Како победник на локалните избори Шин Фејн сега има право да предложи кандидат за функцијата прв министер на Северна Ирска, но според договорот од Велики петок од 1998 со кој заврши деценискиот конфликт во таа покраина, во власта мора да учествуваат и пробританските протестантски партии и ирските католички партии.

Проблемот настана бидејќи пробританската партија ДУП по изборите објави дека нема да учествува во владата ако не се постигне договор за трговијата.

Лондон и Брисел со месеци се обидуваат да го надминат застојот поради трговијата бидејќи по излегувањето на Британија од ЕУ всушност се создаде царинска граница на територијата на Британија, меѓу Северна Ирска и остатокот на Обединетото Кралство.

Со Протоколот за Ирска и Северна Ирска, кој Лондон и Брисел го договорија по брегзитот, се избегнува „тврда“ граница меѓу Република Ирска (дел од територијата на ЕУ) и Северна Ирска која е во составот на Британија и повеќе не е дел од ЕУ.

Со Протоколот така се овозможува непречено функционирање на економијата на целиот остров а се штитат сите аспекти на Договорот од Велики петок и се обезбедува целовитоста на единствениот пазар на ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе