Британскиот суд ги одложи рочиштата за екстрадиција на Асанж во САД за мај

Британското правосудство го одложи денес до 18 мај разгледувањето на барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж, кого Соединетите Американски Држави го бараат поради обвиненија за шпионажа откако објави цел куп нивни тајни документи.

Рочиштата кои почнаа во понеделникот и завршуваат еден ден порано од предвиденото ќе продолжат на 18 мај и ќе траат три недели на судот Вулвич во источниот дел на Лондон.

Судијката Ванеса Бареитсер одлуката ќе ја објави летоска.

На Асанж, кој на суд се појавува во стаклен ограден простор и кој се жали дека поради тоа не може слободно да комуницира со адвокатите, му беше одбиено барањето да седне до нив.

„Ми се чини дека немате проблеми во привлекувањето на вниманието на своите адвокати“, му возврати судијката и истакна дека има низа можности, од пишани белешки до прекин на рочиштето, кои можат да им ја овозможат саканата комуникација.

САД минатата година од Британија побараа екстрадиција на Асанж откако му беше укинат азилот во еквадорската амбасада. Тој таму мина седум години обидувајќи се да избегне екстрадиција во Шведска поради обвинувањата за силување кои во меѓувреме беа отфрлени.

Вашингтон го бара за да му суди поради хакирањето и ширењето на информациите кои, според тврдењата на Американците, загрозиле животи на новинари, дисиденти и други луѓе во Иран, Ирак и Авганистан.

Асанж се противи на екстрадицијата во Соединетите Држави и заедно со своите адвокати и поддржувачи побара од Британија да го ослободи.

Адвокатите тврдат дека 48-годишниот австралиски државјанин и свиркач нема да добие чесно судење во САД и дека, ако биде осуден, може да му биде изречена затворска казна до 175 години.

Асанж стана славен на почетокот на минатата деценија кога Викиликс објави доверлива воена снимка од напад на американски хеликоптер апачи во Багдад во 2007, при што беа убиени десетина луѓе, меѓу кои и двајца вработени на новинската агенција Ројтерс.

Неговата организација подоцна повторно го разгневи Вашингтон со објавувањето илјадници воени документи и дипломатски преписки.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе