Британскиот принц се спаси од обвинувањата за силување, полицијата се откажа од истрагата

Британската полиција соопшти дека нема да презема никакви понатамошни мерки против принцот Ендрју по анализата на случајот која ја побара Вирџинија Ѓуфре, жената која тврди дека Џефри Епстајн сексуално ја злоставувал.

EPA-EFE

Вирџинија Ѓуфре, која го тужеше вториот син на кралицата Елизабета Втора, тврди дека Епстајн ја испратил кога имала 17 години и била малолетна според американскиот закон за пари да има секс со принцот Ендрју во Лондон, но британскиот принв ги отфрли нејзините обвинувања, пренесува Асошиејтед прес.

Полицијата во август почна со ревизија на обвинувањата поврзани со починатиот, осуден сексуален престапник Епстајн.

„Оваа ревизија е завршена и нема да преземаме никакви понатамошни дејства“, се наведува во соопштението и се потврдува дека ќе биде продолжена соработката со другите агенции кои водат истрага поврзана со Епстајн.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе