Британскиот принц Чарлс има коронавирус

Принцот Чарлс, синот на кралицата Елизабета Втора и наследник на британскиот престол, е позитивен на тестот за коронавирус и сега е во самоизолација во Шкотска.

Принцот од Велс има благи симптоми и е во добра здравствена состојба, се вели во изјавата на Кларенс хаус. Не е познато како 71-годишникот се заразил со вирусот поради неговиот исполнет распоред со јавни настани во последните неколку недели.

Кралицата последен пат го видела синот на 12 март. Извор од кралската палата соопшти дека Чарлс можел да биде заразен еден ден подоцна, пренесува Ројтерс.

„Кралицата е во добра здравствена состојба. Таа последен пат го виде принцот од Велс на 12 март“, соопшти палатата.

Кралицата и нејзиниот сопруг Филип го напуштија Лондон на 19 март и оттогаш престојуваат во замокот Виндзор.

Неговата сопруга, војвотката од Корнвол, е тестирана и не е заразена.

Чарлс и сопругата Камила сега се во самоизолација во дворецот Балморал.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе