Британскиот премиер: Заврши златната доба на односите со Кина

Британскиот премиер Риши Сунак изјави синоќа дека таканаречената златна доба на односите со Кина завршила бидејќи таа земја станува сè поголем предизвик за „британските вредности и интереси“. Во своето прво големо обраќање за надворешнополитичките односи Сунак кажа дека британскиот однос кон Кина мора постепено да се менува и дека Пекинг „свесно се натпреварува за глобално влијание користејќи ги сите алатки на државната моќ“.

EPA-EFE

„Да бидеме јасни, таканаречената златна доба е готова, заедно со наивната идеја дека трговијата ќе доведе до општествени и политички реформи“, кажа Сунак во лондонскиот финансиски кварт реферирајќи на описот на британско-кинеските односи на поранешниот министер за финансии Џорџ Озборн од 2015 година.

Дел од Конзервативната партија беше критичен кон Сунак сметајќи го помалку остроумен кон Кина во споредба со неговата претходничка Лиз Трас. Минатата година, додека беше министер за финансии, повика на балансирана стратегија кон Кина за да се врамнотежи загриженоста за човековите права и проширувањето на економските врски.

Меѓутоа, пропадна обидот за средба на Сунак со кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот на Г20 на Бали кој се одржа месецов, а Лондон минатата недела забрани кинески безбедносни камери на „чувствителни локации“ во владините згради.

„Сфаќаме дека Кина претставува системски предизвик за нашите вредности и интереси, предизвик кој станува сè поактуен како што се движи кон сè поголем авторитаризам“, кажа тој мислејќи на написот на Би-би-си за напад на кинеската полиција на нивен новинар.

„Нормално, не можеме едноставно да го игнорираме значењето на Кина во светската прашања – за глобалната економска стабилност или прашањата како климатските промени. САД, Канада, Австралија, Јапонија и многу други тоа исто така го разбираат“, кажа Сунак.

Порача дека Британија под негово водство нема да избере статус кво и ќе им се спротивстави на меѓународните конкуренти, и тоа „не со голема реторика, туку со силен прагматизам“. Што се однесува до војната во Украина, кажа дека британската влада ќе продолжи воено да го помага Киев задржувајќи ја силната поддршка која ја почна Борис Џонсон.

„Значи, не се сомневајте, ние ќе бидеме со Украина колку што ќе биде потребно. Ќе ја задржиме или засилиме нашата воена помош следната година. И ќе пружиме нова поддршка за противвоздушната одбрана“, кажа тој. Во септември Британија објави дека стана втор најголем донатор на Киев по САД, со 2,8 милијарди долари помош оваа година.

Сунак кажа дека Британија мора да го заземе истиот долгорочен пристап како и нејзините противници и конкуренти, како Русија и Кина. „Соочени со овие предизвици, краткорочноста и пустите желби нема да бидат доволни. Не можеме да зависиме од аргументи и пристапи од Студената војна или чиста сентименталност за минатото“, заклучи британскиот премиер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе