Британскиот премиер тврди дека не ја лажел кралицата околу суспензијата на парламентот (ВИДЕО)

Британскиот премиер Борис Џонсон ги отфрли тврдењата дека ја лажел кралицата Елизабета Втора во врска со причините за суспендирање на британскиот парламент, откако шкотскиот суд ја прогласи суспензијата за нелегална, а неговите противници побараа на пратениците да им се овозможи расправа за брегзит.

Откако Џонсон во јули ја освои лидерската должност, кризата околу брегзит уште повеќе се разгоре, и ги збуни инвеститорите и сојузниците со низа одлуки кои го турнаа некогаш стабилниот политички систем до неговите граници.

Парламентот е суспендиран во понеделникот и така ќе остане до 14 октомври, во потег кој противниците на Џонсон го гледаат како обид да се спречи повнимателно проучување на неговите планови за напуштање на Европската унија и така мирно да го протурка брегзит на 31 октомври со или без договор.

Врховниот суд во Шкотска во средата пресуди дека суспендирањето на парламентот е незаконско, со намера да се ограничат пратениците, со што неговите противници сега се прашуваат дали ја излажал кралицата Елизабета Втора, која морала службено да ја одобри суспензијата.

„Апсолутно не го сторив тоа“, рече Џонсон откако телевизиската новинарка го запраша дали ја измамил кралицата, најдолговечниот британски монарх, владетелка која е почитувана повеќе од 67 години поради посветената служба за време на која таа била надвор од политички судири.

Џонсон рече дека последната седница на парламентот била најдолга од граѓанската војна во Англија во 17 век, додавајќи дека пратениците ќе имаат доволно време да расправаат за брегзит по самитот на ЕУ, што ќе се одржи на 17 и 18 октомври.

Тој рече дека парламентот е суспендиран за да ѝ се овозможи на владата да ја претстави својата законодавна програма.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе