Брегзит

Британскиот преговарач: Не се плашиме да ги напуштиме преговорите со ЕУ без договор

Главниот британски преговарач за брегзитот, Дејвид Фрост, изјави дека Лондон нема да се плаши да ги напушти преговорите со ЕУ ако Брисел не попушти за клучните прашања.

Фото: ЕПА

Пред клучната рунда преговори по брегзитот, Фрост за „Мејл он сандеј“ изјави дека Велика Британија сака „да си ги врати овластувањата за контрола на своите граници“ и додаде дека тоа е „најважната работа“.

„Нема да правиме компромис за основните прашања за контрола врз сопствените закони“, рече Фрост.

Фрост во вторник во Лондон ќе се сретне со преговарачот на ЕУ за брегзитот, Мишел Барние.

Тоа ќе биде осма рунда преговори меѓу Лондон и Брисел откако Велика Британија ја напушти Унијата на 31 јануари.

Политичката разделба ќе биде проследена со економско раздвојување на 31 декември, по крајот на 11-месечниот преоден рок, кога Велика Британија треба да ги напушти единствениот пазар на ЕУ и царинската унија.

Двете страни се обидуваат да постигнат нов договор за трговија, безбедност и други прашања, но нема решение на повидок.

Двете прашања што предизвикуваат најголемо несогласување се пристапот на европските бродови за риболов во британските води и државната помош за индустриите.

ЕУ е решена да обезбеди „еднакви услови“ на пазарот, за британските компании да не можат да ги нарушат стандардите на Унијата во врска со животната средина или работното место или да испумпуваат јавни пари во британските индустрии.

Лондон го обвинува блокот од 27 земји дека поставува барања што не им ги наметнал на другите земји со кои има договори за слободна трговија како што е Канада.

Доколку двете страни не постигнат договор, од 1 јануари ќе бидат воведени царини и други пречки.

Британските компании минатата недела предупредија дека во тој случај може да има застој во сообраќајот во пристаништата и „сериозни нарушувања“ во снабдувањето со најважната стока.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе