Британскиот парламент повторно отфрли предвремени избори

Британските пратеници му нанесоа уште еден болен удар на премиерот Борис Џонсон повторно одбивајќи организирање на предвремени избори, пред прекинот на работата на парламентот до 14 октомври, две недели пред рокот предвиден за брегзит.

Со само 293 гласови „за“, што е далеку од потребните две третини гласови потребни за распишување на општи избори, пратениците по втор пат во пет дена го одбија предлогот на Борис Џонсон, кој сакал гласачите да се повикаат на гласање на 15 октомври.

Премиерот воочи гласањето истакна дека нема да бара „ново одложување“ на брегзит, закажан за 31 октомври, и покрај законот донесен од парламентот кој во понеделникот стапи на сила, откако бил одобрен од кралицата Елизабета Втора.

Џонсон не соопшти што ќе преземе понатаму: дали ќе му се обрати на судот, ќе поднесе оставка или нешто трето.

„Ако сакате одложување, тогаш гласајте за општи избори!“ му рече на лидерот на опозицијата Џереми Корбин, за кој Џонсон тврди дека се плаши од пораз на изборите. Тој возврати дека сака избори, но не сака излез од ЕУ без договор, што би било рамно на „катастрофа“, оцени тој.

Пред какви било избори, опозицијата сака да се увери дека можноста за брегзит без договор е отстранета и дека ќе биде одложен за три месеци, за што одлучи парламентот преку гласање минатата недела.

Тој текст го обврзува премиерот од ЕУ да побара одложување ако до 19 октомври, веднаш по европскиот самит, не се постигне договор за излез.

Борис Џонсон остро се спротивставува на ново одложување на брегзит, првично закажан за 29 март и кој веќе двапати е одложуван, ако не се постигне никаков договор. Во понеделникот, тој повтори дека е подготвен по секоја цена на 31 октомври да го напушти европскиот клуб, бидејќи во спротивно ќе се нанесе „трајна штета“ на довербата на Британците во демократијата, по референдумот во 2016 година, на кој 52 проценти од гласачите гласаа за напуштање на ЕУ.

Секое ново одложување мора едногласно да биде одобрено од останатите 27 земји-членки на ЕУ.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе