Британскиот парламент одби да ѝ даде поддршка на премиерката Меј за измена на договорот за брегзит

Британските пратеници ја отфрлија стратегијата на премиерката Тереза Меј за брегзитот, во симболично гласање со кое го поткопаа нејзиното ветување до лидерите на Европската Унија дека може да добие потврда во Лондон за својот договор ако се согласат на отстапки.

Пратениците со 303 гласа „против“ и 258 „за“ го отфрлија главниот предлог со кој се бараше поддршка за премиерката и нејзиниот план за измена на договорот за брегзит.

Со тој предлог Меј требаше да добие време за да ги исполни очекувањата на пратениците во врска со заштитниот механизам за границата на ирскиот остров. Тие сметаат дека поради тој механизам, најспорната точка во договорот со Брисел, Британија би останала премногу поврзана со ЕУ на неодреден рок или дека Северна Ирска би се одвоила од матичната земја.

Иако владата не мора да ја менува тактиката поради оваа одлука, таа негативно ќе влијае врз довербата на европските лидерите дека Меј може да обезбеди поддршка за изменет договор.

Овој најнов развој на настаните во двегодишните преговори за излегувањето од ЕУ е показател на длабоките поделби во британскиот парламент и за тоа како и треба ли воопшто Британија да го напушти европскиот сојуз, што е најголемата политичка и трговска промена за таа држава во последните 40 години.

Со денешното гласање се зголемува можноста Британците да излезат од ЕУ без договор, што е сценариото од кое стравуваат многу компании, но и за тоа брегзитот да се одложи или пак да се откаже.

Клучниот датум за владата е 27 февруари, кога Меј вети нов круг гласање. Пратениците кои најавуваат дека од владата ќе бараат одложување на брегзитот открија дека тогаш ќе тргнат во офанзива.

Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март.

Некои конзервативни пратеници и речиси целата опозиција ја обвинуваат премиерката дека временски ја турка Британија кон работ за непосредно пред денот на излегувањето да го примора парламентот да гласа меѓу нејзиниот план и хаотичното излегување од ЕУ без договор.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе