Правно необврзувачка одлука

Британскиот парламент изгласа да нема брегзит без договор

Британските пратеници со 312 наспрема 308 гласа изгласаа да се оневозможи напуштањето на ЕУ без договор за повлекување.

Пратениците гласаа против излегување од ЕУ без никаков договор, поради стравот дека тоа може да предизвика економски хаос и да ги разгори тензиите во Северна Ирска.

Ова не е правно обврзувачка одлука - и не ја исклучува можноста Велика Британија да ја напушти ЕУ, вели Би-би-си.

Овој резултат овозможи утре да се гласа за тоа дали да се одложи процесот на развод по завршувањето на рокот на 29 март.

Пратениците денеска ја поддржаа изменетата верзија на предлогот на премиерката Тереза Меј, односно дека „се одбива Велика Британија да ја напушти Европската Унија без Договор за повлекување“.

Гласањето не е обврзувачко. Ако не се постигне договор, Британија би требало на 29 март сепак да излезе од ЕУ.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе