Пропадна планот на премиерот

Британскиот парламент го одби предлогот на Џонсон за предвремени избори (ВИДЕО)

Британскиот парламент не гласаше за планот на премиерот Борис Џонсон за свикување општи избори на 12 декември.

Според британскиот систем, за да се свикаат предвремени избори, потребно е двотретинско мнозинство во парламентот.

Денес на гласањето не гласаа лабуристите, па Џонсоновиот план за предвремени избори пропадна.

Резултатот на гласањето беше 299 за и 70 против.

Гардијан пишува дека сега се очекува Џонсон да го поддржи планот на либерал демократите за промена на изборниот закон за да дојде до предвремени избори.

Либерал демократите сакаат избори на 9 декември, додека студентите се сѐ уште на универзитетите, додека конзервативците сакаат гласање на 12 декември.

Сепак, лидерот на лабуристите Џереми Корбин изјави дека неговата партија би можела да гласа за предвремени избори според планот на либерал демократите, бидејќи се под притисок да се свикаат предвремени избори.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе