Британскиот министер за внатрешни потпишал наредба за екстрадиција на Асанж во САД

Британскиот министер за внатрешни работи рече дека конечната одлука за основачот на Викиликс „сега е кај судовите“.

Британскиот министер за внатрешни работи откри дека го потпишал барањето за екстрадиција на коосновачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во САД, каде што е обвинет за прекршување на законот за шпионажа.

Говорејќи на денешната програма на Би-би-си Радио 4, Саџид Џавид рече дека тој во средата ги потпишал и ги потврдил документите, а наредбата в петок ќе оди пред судовите во Велика Британија.

„Тој е праведно зад решетки. Има барање за екстрадиција од САД, кое утре оди пред судовите, но јас вчера го потпишав налогот за екстрадиција и го заверив и тоа ќе оди пред судовите утре“, рече Џавид.

Одлуката на Џавид му ја отвора можноста на судот да го испрати основачот на Викиликс во Америка.

Џавид рече: „На крај тоа ќе биде одлука на судовите, но министерот за внатрешни работи има голем удел во неа, а јас во секое време сакам правдата да биде остварена и ние имаме легитимно барање за екстрадиција, па затоа го потпишав, но конечната одлука сега е кај судовите“.

Американското Министерство за правда поднесе 17 нови обвиненија против австралискиот новинар. Во мај, тој беше дополнително обвинет по една точка за заговор со Челзи Менинг, поранешен разузнавачки аналитичар и информатор, за да добие пристап до мрежата на Пентагон.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе