Британскиот министер за одбрана: Ким работи на ракета која би можела да го погоди Лондон

Северна Кореја е на пат да развие ракета способна да го погоди Лондон, предупреди британскиот министер за одбрана Гавин Вилијамсон.

Повикувајќи ја Британија да „истапи напред“ во соочувањето со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, Вилијамсон предупреди на големата закана од Пјонгјанг.

Неговото предупредување следи откако американскиот претседател Доналд Трамп ја „обележа“ Северна Кореја како „нуклеарна закана“ во новата национална стратегија за безбедноста.

„Северна Кореја е закана. Таа е реална закана за оваа земја. Во моментов се на пат да создадат балистичка ракета која би можела да го погоди Лондон. Ова не е проблем само за САД. Ова е глобален проблем, и Британија мора да истапи во борбата со него. Постојат закани низ целиот свет, а Британија е глобален играч“, кажа британскиот министер за одбрана.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе