Британски здравствени работници ќе ја тестираат ефективноста на Трамповиот хидроксихлорокин (ВИДЕО)

Британските здравствени работници од четврток ќе учествуваат во меѓународното истражување кое се обидува да утврди дали двата антималарици, вклучувајќи го и хидроксихлорокинот промовиран од Доналд Трамп како можен лек за превенција против коронавирусот.

Фото: ЕПА

Повеќе од 40.000 здравствени работници од Европа, Африка, Азија и Јужна Америка ќе учествуваат во истражувањето КОПКОВ.

Целта на истражувањето е да се утврди дали хлорокин и хидроксихлорокин можат да спречат инфекција со коронавирус.

Побарувачката за хидроксихлорокин нагло се зголеми откако Трамп го фалеше антималаричниот лек како можен лек против коронавирусот на почетокот на април.

Претходно оваа недела, Трамп рече дека самиот зема хидроксихлорокин како превенција против коронавирусот, и покрај предупредувањата од експертите.

Истражувањето, предводено од универзитетот во Оксфорд во соработка со Центарот за истражување за тропска медицина (МОРУ) во Бангкок, ќе започне во четврток во болниците во Брајтон и Оксфорд.

Истражувањето ќе вклучува луѓе кои биле во близок контакт со пациенти на кои им е потврден ковид-19 или се сомневаат дека го имаат.

„Навистина не знаеме дали хлорокинот или хидроксихлорокинот се корисни или штетни против ковид-19“, рече професорот од универзитетот во Оксфорд, Николас Вајт, кој е ко-водач на истражувањето и член на МОРУ.

„Најдобар начин да откриеме дали се ефикасни во превенцијата на ковид-19 е преку рандомизирана клиничка студија“, додаде тој.

Истражувачкиот тим што ја спроведува студијата КОПКОВ наведува дека лабораториските докази покажуваат дека антималаричните лекови може да бидат ефективни во превенцијата или лекувањето на ковид-19, но досега нема донесено конечен заклучок.

Американските регулаторни тела ја одобрија употребата на хидроксихлорокин во итни случаи кај пациенти со коронавирус, но Агенцијата за храна и лекови (ФДА) предупреди против користењето на лекот надвор од болниците или во клиничките испитувања заради ризикот од сериозни нарушувања на срцевиот ритам.

„Овие испитувања ќе ни овозможат подобро разбирање за тоа колку се безбедни и ефикасни овие лекови кај најразлични популации и возрасни групи“, рече Ник Камак од фондацијата Велком која меѓу другите го финансира истражувањето.

„Ако и само ако се ефикасни, овие лекови можат да се произведуваат брзо и да се дистрибуираат низ целиот свет“, додаде тој.

Во Велика Британија, Европа и Африка, една група учесници во студијата ќе добијат хидроксихлорокин, а другата плацебо во текот на три месеци.

Во Азија, една група ќе прима хлорокин, а другата плацебо.

За оваа студија се очекува до крајот на јуни во Велика Британија да се отворат вкупно 25 центри, соопшти МОРУ, а се планира да се основаат дополнителни центри во Тајланд, на друго место во југоисточна Азија, Италија, Португалија, Африка и Јужна Америка.

Резултатите од истражувањето се очекуваат на крајот на годината.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе