„Оружје кое до сега малку се користеше“

Британски воен аналитичар: Русите ја напаѓаат Одеса со ирански дронови

Стратегиски важниот украински град Одеса, во кој има големо пристаниште, е нападнато со оружје кое до сега малку се користеше во војната, вели британскиот воен аналитичар професорот Мајкл Кларк.

EPA-EFE

Тој додава дека руските воздухопловни сили се борат да дојдат до градот, а на Москва ѝ снемуваат прецизни проектили, па наместо тоа се врти на евтините ирански беспилотни летала. Овие дронови „не се баш софистицирани“ и лебдат над метата пред да бомбардираат или експлодираат.

Кларк вели дека тие „не се особено моќни, но претставуваат проблем“ и се користат за напади на цивилни центри. Украинските сили во меѓувреме продолжуваат да добиваат повеќе системи за противвоздушна одбрана од САД и Норвешка.

„Тоа доведува до нова воздушна војна меѓу беспилотните летала и земјените проектили кои можат да ги соборуваат“, вели британскиот аналитичар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе