Британски Висок суд: Велика Британија го „призна“ Гуаидо за претседател на Венецуела

Велика Британија го „призна" лидерот на опозицијата на Венецуела Хуан Гуаидо за претседател на државата, пресуди Високиот суд во Лондон во четвртокот, во случајот со кој се одлучува дали Гуаидо или Николас Мадуро ги контролираат венецуелските златни шипки вредни милијарда долари, складирани во Лондон, јави Ројтерс.

EPA-EFE/Rayner Pena

Минатата недела е одржано последното четиридневно сослушување за спорот за тоа кого Велика Британија го смета за легитимен лидер на Венецуела, што има директна последица врз контролата на златните резерви на таа земја во Велика Британија.

Судијата на Врховниот суд, Најџел Теар ја прочита пресудата според која Велика Британија официјално го призна Гуаидо како привремен претседател на Венецуела, додека судот нема овластување да ја испита законитоста на одлуките на Гуаидо.

„Владата на Нејзиното височество го признава Гуаидо во својство на уставен привремен претседател на Венецуела и, мора да следи, дека не го признава Мадуро за уставен привремен претседател на Венецуела“.

Сарош Зајавала, адвокат на Мадуровата венецуелска централната банка во постапката, рече дека ќе ја обжали пресудата.

Венецуелската централна банка (БЦВ) и Банката на Англија (БОЕ) се во спор околу контролата над златото складирано во ризницата на БОЕ.

Мадуро рече дека сака да го продаде златото за да го финансира одговорот на Венецуела на пандемијата на коронавирус.

Доколку се прифати приговорот на БЦВ, за случајот ќе го одлучува Апелациониот суд во Лондон во наредните недели.

Доколку апелацијата се уважи, конечната пресуда ќе ја донесе Врховниот суд.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Rayner Pena

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе