Британски Телеграф: Министрите одржале тајни разговори за да се одложи брегзитот

Министрите во британската влада одржале тајни разговори за плановите за осум недели да се одложи брегзитот, пишува британски Телеграф. Со тоа брегзитот би се одложил до 24 мај.

Според досегашните планови, Британија треба да излезе од Европската Унија на 29 март, но британските пратеници одбиваат да го ратификуваат договорот кој премиерката Тереза Меј го постигна во преговорите со Брисел.

Министрите се надеваат дека ЕУ би можела да се сложи со двомесечно одложување по 29 март.

Меј утре патува во Брисел каде, како што кажа, ќе бара „прагматично“ решение за договорот за брегзитот на кое би се согласиле и ЕУ и британските парламентарци.

Лондон и Брисел се во кавга околу тоа дали треба сегашниот договор меѓу Британија и Унијата од ноември да биде изменет, поради што сѐ повеќе се зголемува можноста брегзитот да се одложи, да се постигне договор во последен момент или Британија да излезе без договор.

Преговарачот на ЕУ за брегзитот Мишел Барние порача во понеделникот дека Европската Унија нема повторно да отвора преговори за брегзитот, вклучувајќи го и контроверзниот „бекстоп“, договорот границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска да остане отворена.

Тој додаде дека по заминувањето на Британија од сојузот може да се работи на алтернативно решение за границата на Република Ирска, дел од ЕУ, и Северна Ирска, која како дел од Обединетото кралство излегува од Унијата.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе