Британски „тајфуни“ полетаа двапати во еден ден поради Русите

Авионите на Британското кралско воздухопловство (РАФ) распоредени во Естонија полетаа два пати во еден ден за да пресретнат руски авиони, соопшти во средата британското Министерство за одбрана.

Британски авиони од типот „јурофајтер тајфун“ полетале за да пресретнат руски борбен авион Су-27 и воен транспортен авион, објави АП.

Министерството објави дека со овие мисии бројот на инцидентите со руски авиони се зголемил на 11 откако Британија во мај го презеде чувањето на балтичкиот воздушен простор.

Министерството рече дека целта на овие британски акции „е поддршка на НАТО за повторно да ги уверат нашите сојузници и претставуваат дополнителна демонстрација на посветеноста на Велика Британија на безбедноста во регионот“, рече агенцијата.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе