Го бранат „небото на НАТО“

Британски „тајфуни“ двапати за два дена пресретнале руски „сухои“ над Балтикот (ФОТО)

Британското воено воздухопловство два пати пресретнало руски воени авиони над Балтичко Море, соопшти британското министерство за одбрана.

Станувало збор за ловци јурофајтер тајфун на британското Кралско воздухопловство кои пресретнале два руски сухои Су-27, како и еден иљушин Ил-22 и ги следеле назад кон Русија.

Британските медиуми пренесуваат и дека „тајфуни“ пресретнале иста формација на руски авиони во вторникот, кога тие летале вдолж балтичкиот брег кон руската ексклава Калининград.

Британија минатиот месец ја презема мисијата на чување на воздушниот простор на НАТО од Германија.

„Посветени сме на одбраната на границите и небото на НАТО и ќе ги поддржиме нашите сојузници во одбивањето на сите закани“, изјави британскиот државен министерот за оружени сили Марк Ланкастер.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе