Британски студент осуден затоа што изработил пиштол со помош на 3Д печатач

Дваесет и шест годишниот Британец Тендаи Мусвере е прво лице осудено за производство на оружје со помош на 3Д печатач кој може да испали смртоносен истрел, објави денеска полицијата.

Делови од оружјето биле откриени во текот на рација во која се барала дрога во стан во центарот на Лондон во октомври 2017 година.

Мусвере, кој се изјасни за виновен за изработка на оружје во лондонскиот суд Садерк Краун, им рекол на иследниците дека отпечатил 3Д пиштол како дел од универзитетски проект.

Но, полицијата открила дека на Интернет гледал видеа за тоа како да направи оружје со кое може да истрела вистински куршуми.

Полицијата верува дека тоа е прва британска пресуда која се однесува на производство на пиштоли со 3Д печатач.

„Мусвере тврдеше дека отпечатил оружје за ‘дистописки’ универзитетски филмски проект, но не објаснил зошто вклучил компоненти неопходни за производство на смртоносно оружје“, изјави инспекторот Џонатан Робертс.

„Знаеме дека Мусвере планирал да вгради челични цевки во печатеното оружје за да може да истрела куршуми“, додаде тој.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе