Британски сериски убиец ќе остане во стаклена ќелија до смрт. Убивал педофили

Еден од најопасните британски сериски убијци Роберт Модсли ќе умре во подземна ќелија откако беше одбиена неговата последна молба да живее заедно со другите затвореници.

Фото: скриншот

Моментално се наоѓа во приватна ќелија во подрумот на затворот, а таму ќе остане се додека не умре.

Одлуката е донесена бидејќи се смета дека е премногу опасен за другите затвореници и чувари.

„Тој беше одбиен минатиот месец, но тој ја обжали одлуката и сакаше да го помине Божиќ во присуство на други луѓе. Меѓутоа, тие му одговорија дека ова е последен пат кога му е кажано не", ја пренесоа локалните медиуми изјавата од извор од затворот.

Модсли сега треба да го помине остатокот од своите денови во ќелија со димензии 5,5 x 4,5 метри, направена специјално за него во 1983 година - заштитена со стакло отпорно на куршуми.

Таму поминува секој ден по 23 часа.

Модсли го извршил своето прво убиство кога имал 21 година. Тој го убил Џон Фарел. Имено, Фарел бил силувач и на Модсли му покажувал слики од деца кои сексуално ги злоставувал.

Тој ѝ се предал на полицијата и бил прогласен за неспособен за судење, па бил испратен во болницата Бродмур.

Модсли генерално се чувал од неволји првите неколку години зад решетки, пред тој и неговиот колега затвореникот Дејвид Чизман да се затворат во ќелија со злоставувач на деца Дејвид Френсис, кој го мачеле до смрт пред неговото тело да го обесат така да можат да го видат затворските чувари. Модсли бил осуден за убиство од небрежност.

Во 1978 година, Модсли го задавил и избодел Сални Дарвуд, кој бил во затвор поради убиство на својата сопруга. Тој го скрил телото на Дарвуд под кревет пред да влезе во ќелијата на педофилот Бил Робертс, кој сексуално злоставувал седумгодишно девојче. Тој го избодел Робертс, му го исекол черепот и му ја скршил главата од ѕид.

Тој бил лажно обвинет дека му го изел мозокот.

Тој потоа бил осуден на доживотен затвор со препорака никогаш да не биде ослободен.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе