Британски пратеници планираат да одат на суд ако Џонсон одбие да бара одложување на брегзитот

Британски пратеници, вклучувајќи ги и конзервативците кои неделава беа исфрлени од партијата, се подготвуваат да преземат правни чекори во случај премиерот Борис Џонсон да одбие да бара одложување на брегзитот од ЕУ, пренесува Би-би-си.

Опозицискиот законски предлог кој Џонсон би го присилил да бара ново одложување на британското излегување за да се избегне брегзит без договор на 31 октомври го одобри горниот дом на парламентот. Се очекува кралицата Елизабета Втора да го потпише во понеделник.

Џонсон, лидерот на кампањата за напуштање на ЕУ за време на референдумот за брегзит во 2016, премиерската функција ја презема во јули по три неуспешни обиди на неговата претходничка Тереза Меј да добие одобрување од парламентот за договорот со Брисел.

Новиот премиер кажа дека сака Британија да ја изнесе од ЕУ на 31 октомври, со договор или без него.

Џонсон кажа дека не планира да бара продолжување и дека попрво би „умрел во ендек“ отколку да го одложи брегзитот, додека Дејли телеграф го цитираше дека е „само теоретски“ обврзан со новиот закон.

Владата не го коментираше веднаш извештајот на Би-би-си во кој се вели дека пратениците собрале правен тим и решени се да одат на суд за спроведување на законот, доколку е потребно.

Џонсон вели дека единственото решение на застојот околу брегзитот се нови избори, за кои тој сака да се одржат на 15 октомври, што би му овозможило да добие нов мандат со преостанати две недели за земјата на време да излезе од европскиот блок.

Две третини од пратениците треба да ги поддржат парламентарните избори, но опозициските партии вклучувајќи ги лабуристите велат дека попрво би гласале против или би биле воздржани додека не се спроведе законот кој Џонсон би го присили да бара одложување.

Џонсон не доби доволно гласови за вонредни избори, а второто гласање ќе се одржи во понеделник.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе