Британски парламентарец е суспендиран и обвинет за гледање порнографија на работа

Британскиот конзервативен пратеник е суспендиран од партијата по истрага за наводно гледање порнографија на мобилен телефон во просториите за дебата во Долниот дом на Парламентот.

Фото: Википедија

Нил Периш, пратеникот кој ги застапува Тивертон и Хонитон во југозападната англиска област Девон, денеска беше суспендиран од партијата.

На состанокот на конзервативните партија беше покрената истрага на независниот одбор за приговори и жалби по обвинувањата против него. Периш е претседател на Комитетот за животна средина, храна и рурални прашања, ја претставуваше изборната единица Девон од 2019 година.

Премиерот Борис Џонсон рече дека гледањето порнографија е неприфатливо на кое било работно место.

Скандалот избувна во време кога Џонсон и неговата партија се под притисок поради забавите во резиденцијата на премиерот во Даунинг стрит, кога земјата беше под строг карантин. Борис Џонсон е под истрага за лажење на парламентот за забавите.

Легенда под Главна слика

Фото: Википедија

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе