Британски падобранци за малку ќе се судреле со американски борбени авиони Ф-15

Двајца британски падобранци за малку ќе се судреле со борбени авиони што летале 560 километри на час, покажува еден воен извештај.

Додека понирале со брзина од 190 км/ч, падобранците со камерите на своите шлемови снимиле како под нив минуваат два ловци Ф-15, пренесува Би-би-си.

Воздухопловната контрола требала на пилотите да им јави дека падобранците се во воздух, пишува во извештајот на воениот одбор.

Во американската база се разговара со пилотите дали биле свесни за таа опасност, додава Би-би-си.

Одборот не можел да утврди колку точно недостигало до судир над аеродромот Четерис на 17 април.

Инцидентот бил категоризиран во втората најопасна категорија.

„Падобранците немале контрола врз брзината и насоката, но можеле да ги отворат падобраните и да го забават падот“, се наведува во извештајот.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе