Британски научници ја тестираат вакцината за туберкулоза како заштита од коронавирусот

Британски научници почнаа со тестирање на БСЖ вакцината, развиена уште во 1921 година, која би можела да се применува во борбата против ширењето на коронавирусот, имајќи предвид дека постојат навестувања дека токму вакцината против туберкулоза дава одреден вид заштита и од други инфекции. Во студијата која ја спроведуваат на универзитетот Егзетер ќе учествуваат околу 1.000 лица, пишува Би-би-си.

EPA-EFE

Само во Британија милиони луѓе уште во детството се вакцинирале против туберкулозата, но научниците претпоставуваат дека ќе мора повторно да се вакцинираат за да се постигнепотенцијалниот ефект на заштита.

Вакцините дејствуваат така што го „тренираат“ нашиот систем за имунитет, гарантирајќи ни долготрајна заштита од одредена инфекција.

Но тој процес бара големи промени во системот за имунитет, со што можеби се засјакнува и одговорот на останатите инфекции и така се стекнува одреден облик на заштита и од коронавирусот, сметаат британските научници.

„Ова сознание би можело глобално да има големо значење“, кажа за Би-би-си професорот Џон Кембел од Медицинскиот факултет на универзитетот Егзетер.

„Иако не веруваме дека ова би можело да овозможи заштита од заразата со коронавирусот, потенцијално би можело да ни „купи време“, односно да ни загарантира неколку дополнителни години додека не се развијат вакцина и други ефикасни лекови за таа болест“, смета тој.

Студијата спроведена во Британија е дел од меѓународната студија Брејс, која истовремено се спроведува и во Австралија, Холандија, Шпанија и Бразил, а во неа се вклучени 10.000 лица.

Се фокусираат на здравствените работници, бидејќи тие почесто и повеќе се изложени на коронавирусот па и научниците побрзо ќе дознаат дали вакцината е ефикасна.

„Според една теорија БСЖ вакцината би можела да помогне да не се разболите ако се заразите со коронавирусот“, вели Сем Хилтон, лекар по општа медицина од Егзетер, кој во студијата учествува како еден од тестираните.

„Значи, во вакцинирањето со БСЖ вакцината гледам можност до некаде дополнително да се заштитам, што значи дека се поголеми шансите оваа зима да пожам непречено да работам“, кажа тој.

Д-р Тедрос Адханом Гебрејесус, генералниот секретар на СЗО, е еден од авторите на написот објавен во магазинот Лансет, во кои се наведува дека вакцината за туберкулоза има потенцијал „да го премости времето до развојот на вакцина која ќе дејствува конкретно на коронавирусот“.

Но, вакцината за туберкулоза не може да биде долгорочно решение.

Секоја подобрена отпорност на ковид-19 со време ослабува и исчезнува, што значи дека лицата кои примиле БСЖ вакцина во детството повеќе не се заштитени. Покрај тоа, векцината нема да успее да го „истренира“ нашиот систем за имунитет да произведува антитела и специфични бели крвни зрнца кои го препознаваат коронавирусот и се борат против него.

Значи, главната цел на научниците е и понатаму да развиваат вакцини кои дејствуваат на коронавирусот, а во моментов во фаза на клинички теститирања се десет такви вакцини.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе