Британски министер за вакцини: Продолжуваме да ја користиме вакцината на Астра Зенека

Велика Британија ќе продолжи да ја користи вакцината на Астра Зенека и покрај новото истражување кое покажува дека таа не е ефикасна против јужноафриканскиот сој, изјави денес министерот за вакцини Надим Захави.

Фото: ЕПА

Според него, владата е уверена во својот план за вакцинација и заштитата што ќе им ја обезбеди на сите.

„Треба да бидеме свесни дека дури и кога вакцината има помала ефикасност во заштита од инфекција, сепак постои ефикасност против развој на тешка болест, хоспитализација и смрт и ова е клучно за заштита на нашиот здравствен систем“, нагласи Захави.

Фајненшл тајмс вчера објави дека вакцината развиена од британско-шведската компанија Астра Зенека и Универзитетот во Оксфорд е значително помалку ефикасна против јужноафриканскиот сој на вирусот. Истражувањата покажаа дека вакцината е корисна против екстремни случаи на овој вид, но дека не спречува инфекција, објави германската агенција Дојче прес.

Јужноафриканските здравствени власти објавија дека ќе престанат да вакцинираат со оваа вакцина и наместо тоа ќе соработуваат со научници за развој на вакцина на Џонсон и Џонсон.

Во Велика Британија се регистрирани 147 случаи на зараза со јужноафриканскиот сој.

Астра Зенека одговори на медиумските извештаи дека тие веруваат дека нивната вакцина ги штити луѓето од тешки форми на болеста. Тие додадоа дека истражувањето е спроведено „само на две илјади млади и здрави испитаници“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе