„Видовме очигледното целење на цивилната инфраструктура што е против хуманитарното право, што е спротивно на законот за вооружен конфликт“, рече Клеверли.
„Мораме да се погрижиме да собереме докази за сите овие случаи, така што рускиот режим, кој ја води оваа целосно незаконска, целосно неоправдана војна во Украина, ќе одговара пред меѓународните судови откако ќе се реши ова“, истакна министерот.
„Ќе продолжиме да вршиме притисок да го задушиме финансирањето на руската воена машина за да се обидеме да ја завршиме оваа војна што е можно поскоро“, додава Клеверли.