Бројот на заразени се зголемува

Британски министер: Ќе тестираме 25.000 луѓе дневно

Велика Британија планира да тестира 25.000 луѓе на ден до средината на април, изјави министерот за заедници Роберт Џенрик.

Британците се на мета на критики заради доцната реакција на пандемијата и малиот број тестирања. Досега, за коронавирус биле тестирани 143.186 лица, а над 25.000 биле тестирани позитивно. Починаа повеќе од 1.700 луѓе. За споредба, Германија тестира 70.000 луѓе на ден.

„Важно е да се тестираат луѓето, не само оние кои би можеле да завршат во критична состојба, туку и здравствените работници кои се јасно неопходни“, рече Џенрик.

Според денешните податоци на Ворлдометерс, Америка бележи огромен скок во однос на вчера со вкупно 188.578 случаи и 4.054 смртни случаи од коронавирус.

Следи Италија со 105.792 и 12.428 мртви, како и 15.729 излечени. И Шпанија ја престигна Кина, со 95.923 случаи и 8.464 смртни случаи од коронавирус.

Кина се најде на четврто место по бројот на случаи, има 81.518 и 3.305 мртви, но и 76.052 излечени.

Германија има 71.808 случаи и 515 мртви, додека Франција има 52.128 случаи и 3.523 мртви.

Во светот има вкупно 859.031 случај, 42.322 мртви и 178.100 излечени.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе