Британски конзорциум формиран за производство на респиратори произведе 13.000 уреди

Британски конзорциум основан од група на воздухопловни, автомобилски и инженерски компании, со цел производство на респиратори за здравствените служби на земјата, соопшти дека ќе заврши со производството по испораката на повеќе од 13.000 уреди.

Конзорциумот ВентилаторЧелинџУК соопшти дека нивното производство повеќе од двојно ја зголемила залихата на респиратори достапни за употреба на Националната здравствена служба (НХС).

Конзорциумот, формиран на непрофитна основа на 19 март со помош на компании како што се Форд, Мекларен, Ролс-Ројс и Ербас, соопшти во мај дека го зголемиле производството во случај на втор бран на зараза.

Претседателот на ВентилаторЧелинџУК, Дик Елси, вели дека НХС е добро снабден за иднината.

„Помогнавме НХС секогаш да има пристап до потребниот број респиратори и задоволни сме што придонесовме во создавање на отпорни залихи во случај на потреба за респиратори во иднина“, рече тој.

Велика Британија се обиде да ја „заштити НХС“ за време на блокадата поради пандемијата на коронавирус, работејќи на израмнување на кривата на зараза, па така здравствената служба не била преплавена.

Достапноста на респиратори во НХС била популарна политичка тема од почетокот на епидемијата, но побарувачката за овие уреди никогаш не се приближи до бројката од 30.000 што првично се проценувале дека ќе бидат потребни.

Владата соопшти дека на сите на кои им бил потребен респиратор за време на пандемијата имале пристап до уредот.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе