Поранешниот шеф на долниот дом на британскиот парламент

Британски конзервативец стана лабурист: „Конзервативците се назадни“

Поранешниот претседател на долниот дом на британскиот парламент Џон Беркоу кажа дека се придружил на опозициската Лабуристичка партија откако поголемиот дел од својата политичка кариера ја мина како конзервативен член на парламентот.

EPA-EFE

Беркоу, кој се судри со премиерите Борис Џонсон и Тереза Меј поради нивниот пристап кон брегзитот и постапувањето кон парламентот, кажа за весникот Обзервер дека сега верува дека Конзервативната партија е „назадна, популистичка, националистички, а понекогаш дури и ксенофобна“.

Како спикер од 2009 до 2019 Беркоу го привлече вниманието на инаку невпечатливата улога со своите препознатливи повици на ред, острите реплики и одлуки кои некои ги оценуваа како пристрасни.

Многу конзервативци и поддржувачи на брегзитот сметаа дека му недостигаше политичката неутралност која ја бара позицијата претседател на парламентот.

Беркоу за Обзервер кажа дека сега сака да ѝ помогне на Лабуристичката партија да го смени Џонсон од функцијата.

„Мотивиран сум од поддршката за еднаквоста, социјалната правда и интернационализмот. Тоа е мотото на лабуристите. Заклучокот до кој дојдов е дека оваа влада треба да се смени“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе