„Бунт против истребување“

Британски демонстранти ги блокираа главните патишта, се залепија за воз (ФОТО+ВИДЕО)

Демонстрантите за климатските промени се залепија за воз и ги блокираа главните лондонски раскрсници на третиот ден од кампањата за граѓанска непослушност.

Тројца демонстранти се уапсени денес откако ги прекинаа услугите на Доклендската лесна железница на станицата Канари Ворф.

Полицијата од понеделникот уапси повеќе од 300 луѓе за време на протестите на групата Бунт против истребување.

Демонстрантите продолжуваат да ги блокираат локациите, вклучувајќи го и мостот Ватерло над реката Темза и раскрсниците кај Оксфордскиот циркус и Мраморната арка. Многу автобуски линии се нарушени на фрустрација на патниците.

Адвокатката Фархана Јамин, една од уапсените, им се извини на корисниците на јавниот превоз. Но, за радио Би-би-си изјави дека „треба да преземеме акции кои се нарушувачки за сите да ги разберат опасностите со кои се соочуваме токму сега“.

Инаку, активистите од Бунтот против истребување најавија дека ќе се залепат за возови за да ги спречат да работат „со цел да го привлечат вниманието на штетата која човештвото ја направи на животот на земјата“.

„Станува збор за живот и смрт, без разлика дали живеете во Тајпеј, Мелбурн, Мумбаи“, се вели во соопштението на групата.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе