Британски аналитичар: „Тирана на Темза“ – добра парадигма за сè лошо што се случува во Британија (ВИДЕО)

Центарот на Лондон пред некоја вечер беше затворен бидејќи Албанците го прославуваа албанскиот Ден на независноста правејќи акробации во луксузни автомобили на британските мостови.

EPA-EFE

Дел од британската јавност, функционерите и бројни медиуми остро реагираа на неодамнешните настани во британската престолнина.

„Би-би-си и Гардијан упорно тврдат дека овие луѓе се безнадежни бегалци кои бегаат од прогон само со облеката на себе, но сцените од Лондон не даваат таков впечаток“, кажа авторот, новинар и конзервативен аналитичар Марк Стејн на почетокот на својата емисија на каналот Џи-би њуз.

„Тие возат ламборгинија, поршиња и „мечки“, а сите тие се автомоили кои чинат над 120.000 фунти“, истакна Стејн.

Новинарот ги потсети граѓаните на Британија дека претходната година во таа држава се вселиле два отсто од вкупната машка популација на Албанија.

„Никогаш доволно од албански мажи, зар не?“, додаде.

„Новата „Тирана на Темза“ ја затворија за Албанците да можат да изведуваат трикови во скапи автомобили“, кажа аналитичарот, додавајќи дека тој лично „би уживал да гледа такви акробации на мостот преку реката Бојана, во Скадар“, но дека се чини дека по некое чудо Албанците скапите автомобили ги стекнуваат дури откако „водата ќе ги исфрли на бреговите на Довер и Фолкстон“.

„Синоќешните инциденти се добра парадигма за сè лошо што се случува во Британија од почетокот на новиот милениум“, заклучи Стејн.

„Така е со сите. За конфликтот во Украина мораме да ѝ помогнеме на бедната мала Украинка иако нашата баба ќе се смрзне до смрт“, истакна тој.

Бројот на Албанци во Британија за десет години се зголемил дваесет пати, а ако тоа се случи и во следната деценија ќе ги има пет и пол милиони, предупреди Стејн и додаде дека „фала му на Бога во Албанија останаа уште само два и пол милиони“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе